Поврзете се со нас

Германија

Братот на Марио Геце заработил фрактура на черепот за време на натпревар

Објавено

на

Феликс, помладиот брат на попознатиот Марио Геце, заработи сериозна повреда на вчерашниот дуел меѓу неговиот Кајзерслаутерн и Викторија Берлин.

Геце се судрил со соиграч и ја загубил свеста, по што следувала експресна реакција на лекарскиот тим, кој го пренел фудбалерот во најблиската болница.

Секоја ваква ситуација потсетува на она што се случи со Кристијан Ериксен на Европското првенство, но во случајов Геце заработил повреда на главата, која е далеку од наивна.

Кајзерслаутерн денеска објави дека фудбалерот е на интензивна нега и му се прават испитувања, но докторите се оптимисти дека ќе помине добро по незгодниот судир.

Феликс настапуваше во младинските категории на Борусија Дортмунд и Баерн Минхен, една сезона беше член на првиот тим на Баварците, по што замина во Аугзбург. Последните две сезони настапува како позајмен играч во Кајзерслаутерн.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни