Поврзете се со нас

АБА лига

Браќата Стојановски блескаа, МЗТ оствари огромна победа во Сплит

Објавено

на

По поразот од Борац кој се чинеше дека ќе биде пресуден, МЗТ Скопје се разбуди против далеку посилни ривали и оствари две големи победи против хрватските тимови, оваа втората денеска на гостувањето во Сплит кај истоимениот тим.

Македонскиот првак во претходното коло го совлада Задар на домашен терен и си ги задржа своите шанси за опстанок во АБА лигата, кои сега дополнително се зголемуваат по фантастичниот триумф кај Сплит.

МЗТ ја оствари првата гостинска победа оваа сезона во салата „Грипе“ на максимално заслужен начин, бидејќи водеше во текот на речиси цел меч, со исклучок на крајот на првата и почетокот на втората четвртина.

Тренер на „металците“ денеска беше Васко Атанасов кој го менуваше болниот Драган Николиќ, а навистина добар предзнак за извонредната игра на нашиот тим беше и добриот старт. МЗТ тргна со предност од 8:0, па иако му го препушти водството на домаќинот во финишиот од првата четвртина, потоа продолжи да диктира во наредните три и победи со 74:77.

Браќата Стојановски беа најдобри во редовите на МЗТ со 16 (Војдан) и 13 (Дамјан) поени, а Бурсаќ го заврши мечот со 12 поени. Со овој триумф, МЗТ избегна од опасната зона, но сигурни ќе чека пораз на Борац во мечот со Црвена Звезда.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни