Поврзете се со нас

Италија

Бонучи се огласи со писмо до навивачите пред дербито со Торино

Објавено

на

Јувентус имаше високи, шампионски амбиции во оваа сезона, но истата засега е далеку под очекувањата како во домашниот шампионат така и во Лигата на шампионите.

„Бјанконерите“ се на 8 место во Калчо лигата со дури 10 бода помалку во однос на лидерот Наполи, додека во елитното натпреварување е пред елиминација, односно во моментов треба да води битка со Макаби Хаифа за позицијата која води во Лига Европа.

По поразот од Макаби тимот е во карантин каде е подготвува за дуелот со градскиот ривал Торино, а во пресрет на истиот Леонардо Бонучи испрати писмо до навивачите.

-Ова е тежок период за нас и навивачите. Дали дербито пристигнува во вистински момент? Ќе видиме. Во меѓувреме како капитен на тимот, сакам да го напишам ова писмо. Порано победите во дербито ни беа пресвртни точки. Ако настапам ќе постигнам и важна цел: 400 мечеви во Серија А како стартер.

-Со оглед на тоа дека секое дете сонува да одигра барем еден, да се појавиш во ова дерби би било уште повозбудливо. Непроценливо е да се излезе од тунелот пред почетокот на натпреварот со истите сонувачки очи на тоа бебе, но со искуството на оној кој веќе одиграл многу од нив. Дербито е секогаш посебна игра, па дури и ако со години разликата помеѓу двата тима беше искрено значителна, сега ќе се бориме за три клучни бода, за двете страни.

-Јас и моето семејство имаме среќа да живееме во Торино, прекрасен град. Кога се наближува натпреварот, владее поинаква атмосфера. Кога ќе ги сретнам навивачите на Торино на улица, некои ми приоѓаат со почит и воспитување да ме исмеваат, додека други бараат да не им го повредам срцето. Ова се посебни натпревари што треба да се играат и до пред некое време морав да се контролирам дома за да не го разочарам мојот син Лоренцо.

-Потоа пристигна Роналдо, а Белоти си замина така што ова ќе биде прво дерби каде целото семејство ќе навива за ист тим, црно-бели. Со нетрпение очекувам да играм, значењето на спортот е да ја вклучиш страста и да го поддржуваш твојот тим. Се надевам дека ќе биде одлично шоу на и надвор од теренот. Добро дерби за сите, нека победи најдобриот, -порача Бонучи во своето писмо.

Средбата Торино-Јувентус е закажана за утре од 18:00 часот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни