Поврзете се со нас

Италија

Болоња и одржа лекција на Рома на „Олимпико“ (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:twitter.com/OfficialASRoma

Болоња е најпријатното изненадување во Серија А во оваа сезона и како тим кој е вистински хит вечерва и зема мерка на Рома на „Олимпико“.

Избраниците на Мота изборија победа од 3-1 и сега се на минус два во однос на третопласираниот на табелата Јувентус.

Резултатот беше отворен со атрактивниот гол на Ел Азузи во 14 минута. Вториот погодок падна во завршницата на првиот дел кога Зиркзе по вторпат го матираше Свилар.

Домаќините одговорија во 56 минута преку ново влезениот Азмун, но веќе во 65 минута гостите дојдоа до плус два благодарение на Салемакерс.

До крајот немаше промени, па Болоња сега има седум бода повеќе од „волчицата“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни