Поврзете се со нас

Светски првенства

Батистута не можеше да ги задржи солзите по триумфот на Аргентина: Извинете, емоциите се преголеми (ВИДЕО)

Објавено

на

Аргентина по скоро четири децении повторно е Светски шампион, односно ова јужноамериканска репрезентација добива уште една шампионска генерација и тоа предводена од Лионел Меси.

Многу познати имиња во изминативе 36 години се обидоа да ја вратат мундијалската слава на „гаучосите“, меѓутоа никогаш не успеваа да го реализираат сонот. Еден од нив беше легендарниот Габриел Батистута кој до овој турнир беше најдобар стрелец на Аргентина на Светските првенства, па затоа му е многу драго што сонародниците ги надминаа сите пречки и конечно ја вратија златната Божица во Буенос Аирес.

-Импресивно. Среќен сум за Меси, за Аргентина, за целата земја. Не можам ни да зборувам. Сите го посакуваа овој трофеј, се чувствуваше на теренот. Извинете, емоциите се преголеми, -порача низ солзи попуарниот Батигол.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни