Поврзете се со нас

Шпанија

Барди асистент, Леванте го нокаутираше Реал во Мадрид (ВИДЕО)

Објавено

на

Фудбалерите на Леванте направија големо изненадување и славеа над Реал Мадрид со 2-1 на средбата од 21. коло во Примера.

Гостите од Валенсија допатуваа во шпанската престолнина полни со самодоверба по Куп победата над Валјадолид, но никој не очекуваше дека ќе ги „треснат“ избраниците на Зидан на „Алфредо Ди Стефано“. Ова беше дуел во кој судијата Хименес имаше и некои спорни, дискутабилни одлуки за кои дефинитивно ќе се зборува, меѓутоа без разлика на се Леванте дојде до големи три бода.

Се почна од 9 минута кога Милитао доби директен црвен картон, меѓутоа ова не им пречеше на домаќините кои во 13 минута по една контра реализираа за 1-0 со голот на Асенсио. Гостите се вратија во игра во 32 со мајсторскиот погодок на капитенот Моралес, резултат со кој се замина на пауза.

Нашиот Енис Барди влезе во игра во 60, а во 64 гостите добија пенал кој Марти не го искористи или поточно супер одбрана имаше голманот Куртоа. Сепак до крајот момците на Лопес ја искористија бројчаната предност на теренот и за тоа „виновен“ е македонскиот репрезентативец Барди кој во 78 минута го пронајде Марти кој биеше одлично за 2-1.

Ова за Реал е четврти пораз што секако е уште еден голе чекор наназад во битката со Атлетико за трофејот во Ла Лига.

Леванте со 26 е на 9 место на табелата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни