Поврзете се со нас

Германија

Баерн ја отвори сезоната со реми во Менхенгладбах (Видео)

Објавено

на

Актуелниот германски шампион Баерн Минхен ја започна новата сезона со реми (1:1) на гостувањето кај Борусија Менхенгладбах.

Баварците не успеаја да го совладаат незгодниот ривал на бундеслигашкото деби на новиот тренер Јулијан Нагелсман, а во добар дел од првиот дел имаа и негатива.

Резултатот го отвори Плеа уште во 10. минута, а Баерн во меѓувреме успеа да направи притисок и да профитира од истиот дури на истекот на првиот дел.

Одбраната на Борусија подзаспа по еден корнер, а Левандовски со убав волеј го совлада вечерва одличниот Зомер.

Во вториот дел имаше шанси на двете страни, домаќините во две ситуации бараа, но не добија пенал, а Кимих можеше да донесе победа за гостите, но не реализираше убава шанса во последната, 95. минута, со што Борусија и Баерн го завршија дуелот со 1:1 и по еден освоен бод.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни