Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Баерн до врв ја наполни мрежата на Салцбург и со стил се пласираше во четвртфиналето

Објавено

на

Баерн Минхен одигра феноменален натпревар во реванш пресметката од осминафиналето во Лигата на шампионите со Ред Бул Салцбург.

По нешто послабото издание во првиот натпревар, „баварците“ покажаа сила против Салцбург кого го совладаа со огромни 7:1.

Домашниот тим уште во првото полувреме ја реши работата затоа што имаше голема предност од 4:0 со хет-трик постигнат од страна на неверојатниот Роберт Левандовски. Четвртиот гол беше дело на Серж Гнабри.

Во второто полувреме, Баерн Минхен преку Mилер кој погоди на два пати и Сане дојде до седум погодоци, а почесен гол за гостите постигна Кјаергард.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни