Поврзете се со нас

Англија

Артета објаснил зошто судијата бил во право што не досудил пенал за Баерн по бизарната грешка на Габриел

Објавено

на

Foto:twitter.com/Arsenal

Арсенал утре ќе ја пречека Астон Вила во еден од најинтересните натпревари од новото коло во Премиер лигата, а „топчиите“ мора да размислуваат само за победа, во обидот да ја задржат позицијата од која би продолжиле да бидат сериозни конкуренти за титулата.

Микел Артета е концентриран на ривалот од Бирмингем, но не заборава дека во среда неговиот тим ќе патува во Минхен и ќе води битка за полуфинале во Лигата на шампионите.

На прес-конференцијата, шпанскиот стручњак бил потсетен и на контроверзниот момент од првата средба, на која Габриел ја фати топката со рака, иако голманот Раја веќе го изведе гол-аут ударот по судискиот сигнал.

– Ја забележав ситуацијата, посебно по реакциите од страна на противничкиот табор.

– Мислам дека судијата ги почитуваше правилата. Правилото вели дека во вакви ситуации треба да се користи разумот и да се утврди дали екипата со потегот добила некаква предност во однос на ривалот. Во случајов, ние не добивме никаква корист од тој потег, – вели Артета.

Габриел направи почетничка грешка, судијата го помилува и не досуди пенал за Баерн (Видео)

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни