Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Габриел направи почетничка грешка, судијата го помилува и не досуди пенал за Баерн (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/Arsenal

Фановите на Арсенал бараа пенал за спорната ситуација во 95-та минута кога имаше судир меѓу Букајо Сака и Мануел Нојер, но крилото на домашниот тим сепак не го доби тоашто го посакуваше поради неправилното движење кое го имаше со ногата.

Овој момент ја подели јавноста и многумина излегоа со различни ставови за недосудениот пенал, но покрај поплаките од домашниот тим, лути се и Германците за друга ситуација од пораната фаза во второто полувреме.

Томас Тухел посочи дека на Баерн не му бил досуден чист пенал, и тоа поради несекојдневна и луда грешка која ја направи стоперот Габриел.

Дефанзивецот на Арсенал ја фати топката со рака откако претходно се чинеше дека Раја изведе гол аут, но судијата Ниберг на крајот реши да не го санкционира овој потег.

– Тоа беше гол аут и голманот ја додаде топката до стоперот на Арсенал. Тој ја фати топката со рака бидејќи мислеше дека не е во игра, но топката беше во игра.

– Судијата немаше храброст да досуди пенал во една необична и луда ситуација. Судијата ни призна дека ја видел грешката на фудбалерот и затоа сум уште повеќе фрустриран, – изјави Тухел.

Бизарниот момент погледнете го ТУКА 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни