Поврзете се со нас

Свет

Анчелоти одговори дали ќе стане селектор на Бразил: Ако Реал…

Објавено

на

Карло Анчелоти е еден од најдобрите тренери на денешницата, а најдобар доказ за тоа се неговите успеси од кои последните се со шпанскиот великан Реал Мадрид.

Италијанецот го врати Реал на победничкиот трон кога е во прашање ЛШ и Шпанија, па сега се обидува само да го надогради тој резултат, да го повтори. Тој одлично се чувствува во Мадрид и беше интересно тоа што се појавија информации дека можеби ќе седне на клупата на бразилската репрезентација и тоа како наследник на Тите кој си замина од оваа функција по Мундијалот во Катар.

Дон Карло ги искоментира овие вести притоа посочувајќи јасно и директно која е неговата цел.

-Селектор на Бразил? Не знам што ќе се случи во иднина, живеам во моментот. Постар сум и се чувствувам добро во Мадрид, имаме уште многу цели да постигнеме. Има време да се размислува за иднината. Имам договор кој завршува во 2024 година и ако Реал Мадрид не се ослободи од мене, нема никаде да се преселам, -порача Анчелоти.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни