Поврзете се со нас

Македонија

Алушовски: Позитивната атмосфера нека се пренесе и на СП

Објавено

на

Стевче Алушовски доскоро беше дел од македонската ракометна сцена како тренер на Вардар, но вчера повторно се потсети на играчките денови и имаше своја улога во фантастичната ревија која ја организираше ракометната Федерација на Македонија.

Алушовски го претставуваше тимот на легендите кој се спротивстави на новата генерација македонски ракометари и призна дека уживал на теренот, но по спектаклот во „Борис Трајковски“ им посака многу среќа на младите играчи на Светското првенство кое следи.

– Убава ревија, ова беше убава можност да си посакаме среќна нова година во овој празничен празничен период. Убави желби за сите, уживав во натпреварот бидејќи после 10 години повторно се вратив на терен пред полна сала.

– Цело случување донесе позитивна енергија, се надевам дека истата ќе се пренесе на Светското првенство и дека ќе се радуваме на игрите на овие млади играчи. Овие млади момци имаат добар учител во Лазаров, а секако тука се и неговите асистенти.

– Ние остануваме тука во близина за позитивна критика, за совет, тука сме за помош. Се надевам дека овие играчи можат да ги повторат нашите успеси и уште повеќе, да освојат некој медал, – изјави Стевче Алушовски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни