Поврзете се со нас

АТП

Алкарас го состави својот најдобар фудбалски тим на сите времиња (Фото)

Објавено

на

Foto:twitter.com/QueensTennis

Карлос Алкарас ја освои титулата во Квинс Клубот и се врати на првото место на АТП листата, што ќе направи да биде прв носител и на тенискиот грен слем Вимблдон.

Младиот Шпанец стигна до првиот трофеј на тревна подлога и имаше најдобра подготовка за главниот турнир во Лондон, но во слободно време, Карлитос одговара и на други спортски предизвици како што се прашања во фудбалот.

Алкарас е голем фан на најважната споредна работа во светот и веќе беше забележан на неколку големи европски натпревари, а сега се најде во фокусот со тимот кој го состави.

Најдобриот светски тенисер во овој момент го избра најдобриот тим на сите времиња, во кој според него треба да доминираат играчи на Реал и Барселона.

На голот е Икер Касилјас, стопери се Шпанците Пујол и Рамос, на левата бековска позиција е Роберто Карлос, додека десно е Кафу како единствен фудбалер кој не е од Реал или Барса.

Во средниот ред ги смести Зидан, Иниеста и Модриќ, додека во нападот ги избра Кристијано Роналдо, Лео Меси и Роналдо Назарио.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни