Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Адвокатот на УЕФА ја нарекол Супер лигата „пример за картел“

Објавено

на

Европскиот суд на правдата во Луксембург е местото каде вчера и денес се соочуваат аргументите на УЕФА и основачите на Супер лигата, во процесот во кој клубовите сметаат дека Европската фудбалска федерација се однесува како монопол.

Супер лигата беше најавена со 12 клуба, но на крајот останаа само Реал Мадрид, Барселона и Јувентус, три клуба кои остануваат на намерата да формираат ново натпреварување како пандан на Лигата на шампионите.

– Оваа затворена лига е класичен пример за формирање картел. Ако УЕФА дозволи нејзино формирање, тогаш ќе се појават и други слични лиги, што ќе доведе до колапс на европскиот спортски систем, – изјавил адвокатот на УЕФА, Доналд Слејтер.

– Повеќе децении наназад УЕФА употребуваше „железна тупаница“ за секој клуб кој ќе се обидеше да се закани на нејзиниот монопол. Се обидуваме да ја спречиме таквата пракса на УЕФА во иднина, – истакнал адвокатот кој ги брани ставовите на Супер лигата.

По сослушувањето, грчкиот судија Атанасиос Рантос треба да изготви мислење со кое ќе препорача каква одлука треба да донесе судот. Ова може да се случи најрано во септември, додека конечната одлука ќе пристигне дури следната година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни