Поврзете се со нас

АТП

Зверев за пеколното прво коло на Ролан Гарос: Ви гарантирам дека ова не би го посакал и Ѓоковиќ

Објавено

на

Foto:twitter.com/rolandgarros

Александер Зверев пристигна со голема самодоверба во Париз откако беше најдобар на Мастерс турнирот во Рим, па освоениот трофеј треба да биде добар потстрек за она што следи во Булоњската шума.

Германскиот тенисер игра во добра форма и влезе во ждребот како четврти носител на Френч Опен, но судбината посака да гледаме реприза на полуфиналето од 2022-ра уште во воведната рунда, бидејќи Рафаел Надал оваа година не е еден од фаворитите на турнирот.

Шпанецот како неносител на турнирот го доби Саша Зверев уште во првото коло, па јасно е дека наредната недела ќе гледаме голема битка уште на стартот на Ролан Гарос.

– Додека се извлекуваше ждребот, имав тренинг со Андреј Рубљов. После тренингот, брат ми ми кажа дека сум се паднал до Надал. Мислев дека се шегува, но не било така. Да бидам искрен, сакав повторно да играм со Рафа после тоа што се случи пред две години. Не сакав последното сеќавање за Рафа да ми биде поврзано со инвалидска количка.

– Во идеални услови, би требало да играме во заврршна фаза на турнирот, но тоа е што е. Оваа година тој не е носител, а јас сум. Без оглед на се, очекувам тежок меч, добив тежок дреб, но истото важи и за него.

– Ви гарантирам дека ваква ждрепка нема да сакаа и Ѓоковиќ, Алкарас и Синер. Никој не го сака Рафа во првото коло. Надал беше повреден, не игра на највисоко ниво, но јас ќе размислувам како да играм против најдобриот Рафа. Очекувам да се покаже во најдобро светло и така ќе го подготвувам мечот, – изјави Зверев.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни