Поврзете се со нас

Италија

Жиру седна на маса со Ибрахимовиќ и откри на јавноста каква порака добил од Златан кога пристигнал во Милан (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/acmilan

Оливие Жиру денеска треба да го одигра последниот натпревар како играч на Милан и Французинот е подготвен за емотивна вечер на „Сан Сиро“, а во најавата за овој проштален меч, напаѓачот одработи и едно специфично интервју.

Француската телевизија „Канал плус“ ги седна на иста маса Оливие и Златан Ибрахимовиќ, двајцата напаѓачи кои му ја донесоа титулата на Милан пред две години, а воедно и луѓе кои развија огромна меѓусебна почит во изминатиот период.

Жиру со искажаната почит ги придоби симпатиите од Златан кој знае да биде и незгоден за своите соиграчи, а сега кога е пред заминување, Французинот откри која била првата порака од Швеѓанецот кога пристигнал во Милано.

– Дали се сеќаваш на првата работа која ми ја кажа кога пристигнав во Милан? Има само еден крал во Милано и тоа сум јас! Навистина го сакав тоа што ми го кажа, навистина беше само ти. Никогаш немав зборувано претходно со тебе, но при првиот разговор почувствував дека тоа е тоа. Одлично добредојде од твоја страна, – порачува Жиру, а Златан возвраќа.

– Кога дојде на ред да се размислува за тебе, јас бев многу среќен. Знаев какво искуство имаш, дека освои големи трофеи. Потребен ни беше искусен лидер кој може да го води тимот. Ти реков да бидеш свој и дека тимот ќе те следи. Не е важно како победуваш, важно е дека победуваш. Ти го имаш тој менталитет во себе, – возвраќа Златан.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни