Поврзете се со нас

Свет

ВТБ лигата ги објави мајсториите на Македонецот: Симултанката на Димитријевиќ за ново финале на Уникс (Видео)

Објавено

на

foto: www.unics.ru

Ненад Димитријевиќ продолжува да импресионира со своите изданија во Русија и неговиот квалитет посебно доаѓа до израз на најтешките натпревари, како што беше случај и вчера во полуфиланата „мајсторка“ меѓу Уникс и Локомотив.

Нено го водеше тимот од Казањ до голема победа и нов пласман во финалето, а одговорните луѓе од ВТБ лигата не останаа рамнодушни на партијата која ја понуди македонскиот плејмејкер.

Димитријевиќ го заврши мечот со 39 индексни поени и беше убедливо најдобар кошаркар на паркетот, за што говорат и постигнатите 31 поени, 6 скока и 6 асистенции.

Нено беше најпродуктивен играч во секоја смисла на зборот, па поради тоа цела сала во Казањ извикуваше „МВП“ во чест на фантастичниот македонски кошаркар.

Во продолжение, погледнете го видеото од ВТБ лигата во чест на неговата симултанка против Локомотив Кубањ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни