Поврзете се со нас

Формула 1

Во чест на Хонда: Ред Бул со сосема нов болид ќе настапи во Турција (Видео)

Објавено

на

Макс Ферстапен и Серхио Перез ќе возат сосема поинакви болиди на претстојната трка за Големата награда на Турција, откако Ред Бул реши на специјален начин да и се заблагодари на Хонда која излегува од Формула 1 по крајот на 2021-ва година.

Во чест на јапонскиот автомобилистички великан, Ред Бул изработи специјално дизајнирани болиди за своите двајца возачи, кои ќе бидат претежно обоено во бела боја.

Инспирација е легендарното Хонда возило „RA272“ во кое Ричи Гинтер оствари прва победа за оваа компанија во Ф1 во далечната 1965-та година, а на болидите ќе биде истакната и уникатна порака на јапонски јазик.

На задниот дел од болидот ќе пишува „Аригато“ што во превод значи „Благодарам“, а иако цело ова сценарио беше подготвено за трката во Сузука, на крајот се мораше да се помести поради откажаната трка во Јапонија поради Ковид 19.

– Сите се надевавме дека вака ќе се разделиме пред навивачите на Хонда во Јапонија, да ја одбележиме нашата успешна соработка. Поради тоа што трката во Сузука нема да се вози, не можевме да ја пропуштиме оваа шанса да и се заблагодариме на Хонда за цело наследство во овој спорт. Новиот болид оддава чест на извонредните резултати на Хонда во Формула 1 и се надевам дека навивачите уште еднаш ќе се израдуваат на победа во легендарните бои, – изјави тимскиот шеф на Ред Бул, Кристијан Хорнер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни