Поврзете се со нас

Македонија

Вардар победи на првиот меч без Вујовиќ, Еурофарм Пелистер 2 го уништи „десеткуваниот“ Металург

Објавено

на

Вардар имаше турбулентно попладне во кое стана јасно дека Веселин Вујовиќ веќе не е тренер на првиот тим, а на првата средба без него, играчите предводени од Недановски си ја завршја работата на теренот.

Македонскиот првак рутински се справи со Охрид и победи со 33:26, што секако е добар потстрек од морална гледна точка, бидејќи следи големото дерби со Еурофарм Пелистер во домашното првенство.

Серијата од седум порази во низа во Лигата на шампионите на крајот резултираше со заминување на легендарниот Вујо, кој за жал на доста неславен начин ја заврши својата трета етапа и трета соработка со Михајло.

Во истиот термин денеска, Еурофарм Пелистер 2 ги искористи сите маки на „десеткуваниот“ Металург, кој во Битола отпатува со само седум играчи и тројца голмани.

Вториот тим на битолчани победи со убедливи 39:23 и запиша нова победа во домашниот шампионат и сега е четврти на табелата пред Тиквеш.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни