Поврзете се со нас

Македонија

Вардар го доби дербито со Воска и се врати на врвот во ВМФЛ

Објавено

на

Фудбалерите на Вардар изборија победа над Воска Спорт од 2-1 во дербито на 10. коло во втората македонска лига.

Избраниците на Бобан Грнчаров беа свесни дека не смеат да загубат уште еден меч од директен конкурент за врвот на табелата, односно идеално одговорија и дојдоа до три бода со кои одново ја преземаа првата позиција.

„Црвено-црните“ имаа одлични 45 минути кои ги крунисаа со погодоците на Десниќ и ремек делото на капитенот Мицевски.

Какво ремек дело на капитенот на Вардар: Еврогол на Мицевски за ерупција на „Железарница“ (ВИДЕО)

Во вториот дел видовме уште еден гол и тоа во мрежата на Гачевски кој падна по успешно реализираниот пенал на Изаир Емини.

Вардар во следното коло се соочува со Слога Виница, Воска пак е домаќин на Кожув.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни