Поврзете се со нас

Франција

Тудор лут на судијата Турпан: Немаше храброст да го одржи критериумот (Видео)

Објавено

на

Дербито меѓу Ленс и Олимпик Марсеј им припадна на домаќините, а на крајот може да се покаже како одлучувачко за второто место на табелата во француското првенство.

Гостите први постигнаа гол преку Алексис Санчез, но тој беше поништен по ВАР проверката од страна на судијата Клемен Турпан, за во продолжение Ленс да си го обезбеди триумфот.

Но, гостинскиот тренер Игор Тудор имал многу критики за најпознатиот француски судија, пред се поради фактот што Турпан не му покажал втор жолт картон на Медина.

– Алексис ми кажа дека тоа бил чист гол. Ги прегледав снимките и навистина не гледам јасен прекршок.

– На полувремето му кажав на Турпан дека имал храброст да го поништи нашиот гол, но не и да му покаже втор жолт картон на Медина. Имаше храброст само за еден тим, – изјавил хрватскиот стручњак.

На четири кола до крајот, Ленс има два бода повеќе од Марсеј.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни