Поврзете се со нас

Англија

Триумф за спас на сезоната: Јунајтед преку Сити до 13. пехар во ФА Купот (ВИДЕО)

Објавено

на

foto: x.com/ManUtd

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед успеа да слават над Манчестер Сити со 2-1 во финалето на ФА Купот кое се одигра на „Вембли“.

„Црвените ѓаволи“ важеа за аутсајдери на ова соочување, но овие мечеви секогаш се посебни и уште еднаш се потврди дека шансите се 50/50 без разлика на се што се случувало претходно во сезоната.

Избраниците на Тен Хаг имаа добро, агресивно полувреме кое успеа да го добијат со 2-0, предност која на крајот се покажа како пресудна. Катастрофалната реакција на Гвардиол во соработка со голманот Ортега му овозможи на Јунајтед лесен гол преку Гарначо во 30 минута.

Воден од оваа енергија Јунајтед во 39 минута уште еднаш ја затресе мрежата на градскиот ривал преку Мејну на асистенција на капитенот Фернандеш.

Сити притискаше во вториот дел, Халанд ја погоди рамката од голот на Онана, потоа Камерунецот имаше одлична одбрана по шутот на Вокер, а потоа 100 процентна прилика не реализираше ниту Алвараз.

Сити до погодок дојде во 87 минута преку Доку, меѓутоа во преостанатиот дел не направи посилен притисок, немаше шанса за да го одведе дуелот во продолженија.

Ова за Јунајтед е 13. ФА Куп со што е обезбеден излез во Европа и е спасена сезоната, но останува да се види дали ќе биде доволно за Тен Хаг да остане на менаџерската функција.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни