Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Тренерот на Копенхаген ја посочи најголемата опасност на Јунајтед, но верува во победа: Не делат 95 минути од добар резултат

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCKobenhavn

Копенхаген освои бод во пресметката со Галатасарај и со биланс од едно реми и еден пораз влегува во пресметката со Манчестер Јунајтед, на која фаворитот има многу поголем императив да брка победа и три бода.

Тимот на Тен Хаг забележа два порази во првите две кола и е последен во групата А, па иако „ѓаволите“ влегуваат како големи фаворити на хартија, Данците не пристигнуваат со бело знаме.

Тренерот на Копенхаген верува дека неговиот тим може да ја повтори играта од мечот со Баерн кога и поведе против баварците, па во најавата за мечот нагласи дека се надева на позитивен резултат на „Олд  Трафорд“.

– Нашиот план е да ја неутрализираме нивната најголема сила. Најголема опасност е Хојлунд, мора да внимаваме на него и да се потпреме на нашите заеднички сили како тим.

– Знам дека нема да ја имаме топката како на натпреварите во данското првенство, но кога ќе ја имаме топката, ќе мора да бидеме продуктивни. Манчестер Јунајтед има тим со екстра брзи фудбалери, но ова е многу голем меч и за нас. Ова е огромен натпревар за нас, за играчите, за Копенхаген и за сите луѓе во Данска. Не делат 95 минути од позитивен резултат, – изјави младиот 35-годишен тренер на Копенхаген, Јакоб Неструп.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни