Поврзете се со нас

Англија

Тен Хаг со експлозивно интервју: Јунајтед не знае за титула од 2013. година, фановите и легендите имаат нереални очекувања!

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManUtd

Манчестер Јунајтед денеска ќе се бори за титула и ќе има шанса да ја заврши со трофеј разочарувачката сезона во која тимот заврши на осмото место во Премиер лигата, а последните најави од Англија се повеќе водат кон тоа дека Ерик Тен Хаг ги брои последните часови на „Олд Трафорд“.

Угледните медиуми од Островот уверуваат дека Тен Хаг денеска за последен пат ќе го води Јунајте без оглед на исходот на финалето на „Вембли“, а како што стојат работите, одлуката за Џим Ретклиф и неговите директори ќе биде уште полесна после најновото експлозивно интервју на Холанѓанецот.

Во разговор за домашниот магазин „VI“, Тен Хаг распали како никогаш досега по нереалните фанови и легендите на клубот, а тука во прв план се Гери Невил, Рио Фердинанд, Рој Кин и Пол Сколс.

– Манчестер Јунајтед последен пат ја оосвои Премиер лигата во 2013-та година, 11 години не знае за титула. Но, и покрај тоа, има медиуми и фанови кои очекуваат да бидеме најдобри на секој меч. Овој клуб се уште не е подготвен за тоа. Ние требаше да изградиме нешто добро и напарвивме добра подготовка минатата сезона. И покрај тоа, имаше многу незадоволни во опкружувањето на клубот. Велеа дека Карабао Купот, финалето во ФА Купот и третото место во Премиер лигата не се доволни.

– Оваа сезона беше лоша, но и покрај тоа ќе играме финале во ФА Купот. Не е лесно и со таканаречените експерти во Англија. Експертите сакаат само да покажат дека вредат, лесно е да се критикува Манчестер Јунајтед. Јунајтед е најголем клуб во Англија и можеби најголем во светот. Овој клуб или се сака, или се мрази, не постои средина. Кога работите одат лошо, лесно е да почнете да зборувате и да употребите лоши зборорви. Цела таа негативност од таканаречените експерти кои не се способни да анализираат со факти, прави да имаат добар углед во јавноста. Тоа се истите луѓе кои минатата сезона велеа дека сум го вратил Јунајтед на добар пат. Минатата година одев по вода, а сега сум најлошиот менаџер во Премиер лигата.

– Тие што очекуваа многу повеќе од нас, немаат чувство за реалност, останатите клубови имаат доста подобри тимови од нас, – потенцира Тен Хаг, кој според многумина на овој начин само ќе го забрза отказот кој веќе му е подготвен.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни