Поврзете се со нас

Македонија

Талентираниот Лука Георгиев потпиша за Брера

Објавено

на

foto:www.facebook.com/fkakademijapandev

Македонскиот фудбалски прволигаш, Брера Струмица официјализираше уште едно засилување во текот на денешниот ден, па откако беше промовиран Ибрахим Олаосебикан редот му дојде и на Лука Георгиев.

Брера Струмица ја засили офанзивната линија со интернационалец од Нигерија

Георгиев е млад и талентиран фудбалер кој во новата средина доаѓа од втортолигашот Осогово каде во текот на актуелнава сезона даде голови против Кожув и Новаци.

-Среќен сум што од Осогово кој се натпреварува во Втората лига дојдов во Брера Струмица. Доаѓањето во овој клуб преставува императив за секој фудбалер, бидејки зад овој проект стои и името на Горан Пандев и се дава простор и шанса на младите. Ќе се обидам да дадам се од себе и секоја шанса што ќе ми биде дадена да ја оправдам. Се надевам дека и овде ќе постигнувам голови на задоволство на сите. Моите први впечатоции во Брера се позитивни пред се од приемот но и работата на стручниот штаб, -порача Лука за официјалниот клупски сајт.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни