Поврзете се со нас

Англија

Сунес за мундијалската епизода на Кејн: Требаше да мисли на една работа, а не на головите

Објавено

на

Англиската фудбалска репрезентација не успеа да дојде ниту до финалето на СП во Катар, а фудбалските аналитичари во оваа земја уште долго ќе коментираат кои биле клучните грешки на Герет Саутгејт и неговите фудбалери.

Греем Сунес во својата последна колумна се фокусирал на Хари Кејн, кој според него имал лош турнир и тоа една од главните причини за англискиот неуспех.

– Претходно реков дека ако Англија сака да стане шампион, Кејн мора да има импресивен турнир.

– Тоа не се случи, а останува прашањето дали причината е повредата на зглобот на дуелот со Иран?

– Селекторот направи голема грешка што го остави во игра до 76. минута, па водеа 3:0 во моментот кога се повреди во првиот дел. Посебно ако ја знаеме историјата на неговите проблеми со зглобовите.

– Понекогаш играчите мора да размислуваат да се заштитат. Но, Кејн размислуваше за Златната копачка, наместо за следните натпревари и за својот зглоб, – вели Сунес.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни