Англија
Страшната бура предизвикала голема опасност, Александер-Арнолд избегнал трагедија

Трент Александер-Арнолд имал многу среќа во текот на вчерашниот ден и според англиските медиуми, избегнал голема трагедија додека управувал со својот автомобил во областа Чешир.
Ѕвездата на Ливерпул можела да настрада, возејќи за време на жестоката бура „Бабет“, која предизвика големи проблеми на островот, при што Трент за малку избегнал паднат столб од мрежата за пренос на електрична енергија.
Столбот кој тежел најмалку половина тон паднал на патот, но Александер-Арнолд успеал да го избегне, иако поради тоа имал контакт со друг автомобил, чиј возач исто така минал неповреден.
Медиумите велат дека е вистинско чудо што никој не бил повреден во инцидентот, имајќи ја предвид тежината и опасноста која ја носел столбот, па и целата ситуација која настанала поради неговото избегнување.
Фудбалерот на Ливерпул според очевидците бил шокиран од она што се случило, а на крајот ќе треба да се погрижи само за материјалната штета, односно поправката на луксузниот Рејнџ Ровер.
-
Светпред 12 часа
Родригез ги одбил Сити и ПСЖ: Флорентино ми постави едно прашање пред да потпишам за Реал
-
Англијапред 14 часа
Ширер: Јунајтед има голем проблем во соблекувалната, четворица играчи се откажаа од борба
-
Англијапред 12 часа
Матиќ ги обелодени двете ѕвезди на Јунајтед кои редовно доцнеле на тренинзите: Останатите бевме бесни
-
Англијапред 13 часа
Артета му одговори на Пеп со иста мера и ги насмеа новинарите (Видео)
-
Англијапред 14 часа
ФА покрена истрага против Сити за завршницата од дербито, шампионот мора да даде одговор до четврток
-
Светпред 23 часа
Издвои три имиња: Белингем „знае“ кој ќе ја освои наградата „Златно момче“ за 2024 година
-
Италијапред 14 часа
Италијанските фудбалери го избраа играчот на годината и најдобриот тим во Серија А (Фото)
-
Англијапред 8 часа
Менаџерска промена: Искусен стручњак се врати во Премиер лигата (Фото)