Поврзете се со нас

Автомобили

Соопштение од Макпетрол: Ќе се работи без застој, но нема да се крши законот!

Објавено

на

Нормалниот тек на граѓанскиот и деловниот живот е повлијаен со воениот конфликт кој го окупира вниманието на светската јавност, а од друга страна има свој ефект и врз многу производи, како што се енергенсите.

Денеска со свое соопштение се јави најголемата компанија на македонскиот пазар за трговија со нафта и нафтени деривати, укажувајќи дека постои комплексна ситуација на светско ниво.

– Поради новонастанатата глобално-политичка ситуација, како резултат на која што има неколкукратно зголемување на цените на сите нафтени деривати, компаниите што се дел од оваа економска гранка се наоѓаат во исклучително тешка ситуација, што подразбира и работа со загуба. Имајќи ја во предвид долгогодишната традиција и професионални капацитети, компанијата и во овие особено тешки и комплексни услови ќе продолжи да работи без застој и рестрикции, со цел и граѓаните и компаниите без проблеми да функционираат,- се вели во соппштението.

Истовремено, од страна на Макпетрол се потсетува дека постои законска регулатива која го ограничува точењето на гориво во други садови и негово складирање.

– Набавката на гориво во буриња, канистри, канти и други садови е спротивно на законските реулативи, бидејќи несоодветното складирање и чување на горивата може да предизвика опасни ситуации по животот на луѓето, како и загадување на околината,- предупредуваат од компанијата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни