Поврзете се со нас

Македонија

Снегот одложи две средби од Првата македонска фудбалска лига

Објавено

на

Лошите временски услови, односно снежниот нанос во дел од државата е причина за одложување на две средби кои денеска требаше да се играат во Првата македонска фудбалска лига.

Терените во Кратово и Струга не се подготвени за одигрување фудбалски натпревари, па дуелите Силекс-Вардар и Струга-Воска Спорт ќе бидат одиграни во друг термин.

На денешната програма остануваат три натпревари, односно Шкупи-Македонија Ѓ.П, Работнички-Гостивар и Тиквеш-АП Брера, чиј термин за почеток останува 13 часот.

Вардар преку социјалните мрежи најави дека одложениот натпревар ќе се одигра на 6. декември.

Вчера се одигра еден натпревар од актуелното коло, во кое Брегалница и Шкендија ремизираа со резултат 2:2.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни