Поврзете се со нас

АТП

Синер: Не се плашам од ниту еден противник

Објавено

на

Foto:twitter.com/AustralianOpen

Јаник Синер веќе некое време игра во врвна форма, а сите тие негови изданија, победи, успеси му донесоа многу самодоверба која дефинитивно му помага во актуелнава сезона.

Италијанецот сега е активен на Индијан Велс каде за противник во осминафиналето го има домашниот тенисер Бен Шелтон. Ова дефинитивно ќе биде интересен предизвик за Синер кој е спокоен и убеден дека ќе го даде најдоброто од себе.

-Имам голема почит кон сите играчи, но не се плашам да играм против никого. Мислам дека тоа е исто така квалитет, особено кога играш поени под притисок, тие важни поени, јас и тогаш одам на моите удари. Не чекам да видам што ќе направи мојот противник. Ако треба да изберам некој квалитет кај мене, тоа е овој, -порача Синер кој е трет носител на Мастерсот во Калифорнија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни