Поврзете се со нас

Европски првенства

Шмид разочаран од поразот од Македонија: Сега знам дека не постои ракометен Бог

Објавено

на

Швајцарија освои голем бод во дуелот со Франција, но денешниот пораз од Македонија значи дека го заврши настапот на Европското првенство на последното место во групата.

Нашиот противник не го крие разочарувањето од последниот натпревар и фактот што не ги искористија 12-те гола на ветеранот Анди Шмид за триумф во Берлин, а ова посебно важи токму за Шмид за кого ова беше последен натпревар во националниот тим.

40-годишниот ракометар беше избран и за играч на натпреварот, но по церемонијата истакнал дека ништо не може да го засени разочарувањето од поразот против Македонија.

– Не знам дали постигнав 11 или 12 гола, тоа не е ни важно, бидејќи поважно ми беше да победиме денеска.

– Резултатот, односно победата секогаш ни беше приоритет, сакавме да ја победиме Македонија, затоа и не можам да бидам посебно среќен вечерва. Сега знам дека не постои ракометен Бог, бидејќи ако постоеше и го гледаше овој натпревар, ќе ни дозволеше да победиме, – рекол емотивниот Шмид во изјавата по натпреварот.

Она што сепак треба да биде утеха за Шмид е што со ефектот против Македонија стигна до вкупно 1094 голови во националниот тим и го собори досегашниот рекорд на Марк Баумгартнер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни