Поврзете се со нас

Македонија

Седлоски седнува на клупата на Работнички

Објавено

на

Фото: www.fkrabotnicki.com

Новото раководство на ФК Работнички не крие дека клубот во иднина треба да има поголеми амбиции, а денеска го назначи и новиот тренер.

Се работи за Гоце Седлоски, поранешниот македонски репрезентативец кој зад себе веќе има и сериозно тренерско искуство, а сега ќе ги предводи „романтичарите“.

Седлоски потпишал 18-месечен договор со тимот од скопско Дебар Маало.

– Чест ми е што доаѓам во ФК Работнички, клуб со голема традиција и реноме во македонскиот фудбал, поранешен шампион и освојувач на Купот. Би сакал да се заблагодарам на новото раководство на клубот за укажаната доверба, ја сфаќам како сериозна обврска и ќе се вложам максимално за да ги оствариме целите што заедно ги зацртавме. Веруваме дека овој проект на крајот ќе донесе многу радости и трофеи во ФК Работнички.

– Мојот начин на работа кој носеше титули ќе се потрудам да го наметнам и овде. Ред, работа, дисциплина и верба во сопствените квалитети се принципите што секогаш и секаде ги носам со себе и верувам дека ќе ги воспоставиме и во тимот на Работнички. Има голем потенцијал во овој тим, а верувам дека со уште неколку засилувања ќе изградиме колектив со кој ќе се гордееме“, изјавил Седлоски за официјалната интернет страница на ФК Работнички.

– ФК Работнички е еден од најреномираните македонски фудбалски брендови, име кое е сериозно препознатливо и во Европа, а Гоце Седлоски е фудбалска величина и тренер кој сигурно ќе помогне да се врати шампионскиот дух во клубот од Дебар Маало. Му посакуваме сѐ најдобро, ќе ја има нашата максимална поддршка и се надеваме дека многу брзо ФК Работнички ќе биде на позициите кои ги заслужува“, изјави новиот директор на клубот, Сенад Муминовиќ.

Гоце Седлоски со својот стручен штаб утре ќе го одржи и првиот тренинг со тимот. В недела, Работнички ќе одигра пријателски натпревар со Башкими во Куманово.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни