Поврзете се со нас

Англија

Саутгејт го „помилува“ Тони и разочара две големи ѕвезди

Објавено

на

foto: https://twitter.com/England

Англискиот селектор Герет Саутгејт денеска го објави списокот на фудбалери повикани за квалификациските натпревари овој месец, а најголемо внимание предизвика повикот за Ајван Тони.

Напаѓачот на Брентфорд игра во одлична форма, но претходниот период беше изоставуван поради аферата со обложување на натпревари, за што против него има отворена истрага од асоцијацијата.

– Се уште немало никакво судење, ниту пак одлука и казна и навистина не гледам по која основа не би го повикал.

– Тони игра добро цела сезона, го гледав натпреварот против Арсенал на кој навистина одигра добро, – изјавил Саутгејт.

Покрај Тони, во нападот се повикани и Рашфорд, Сака, Кејн, Грилиш и Фоуден.

Од фудбалерите кои веројатно ќе бидат разочарани, тука се Трент Александер-Арнолд и Рахим Стерлинг кои нема да бидат во комбинација за дуелите со Италија и Украина.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни