Поврзете се со нас

Шпанија

Санчез Флорес ги нападна Лапорта и компанија: Не треба ова да го кажам, но…

Објавено

на

Барселона на чело со Жоан Лапорта денеска ја потврди веста која некое време беше актуелна во медиумите, веста за отказот на тренерот Чави Ернандес.

Иако пред само некое време Лапорта и неговите соработници го молеа, убедуваа Чави да се предомисли и да остане на клупата на каталонците, мисија која на крајот беше и успешна затоа што Ернандес им кажа „ДА“, сега ситуацијата комплетно се сврте и шпанскиот великан ќе добие нов тренер кој најверојатно ќе биде Ханси Флик.

Со ова Лапорта само потврди дека не се снаоѓа најдобро во вториот мандат во кој прво се посрамоти со Лионел Меси на кого му беше соопштено дека ќе мора да си бара нова средина во последен момент и тоа се изгледаше дека ќе потпише нов договор, потоа ја имаше епизодата со Роналд Куман, уште една легенда која беше незадоволна од односот на претседателот за да сега дојде и ситуацијата со Чави.

Свој збор за овие случувања имаше и тренерот на Севилја, Кике Санчез Флорес кој со Чави ќе се сретне во недела со оглед на тоа што Барса гостува на „Рамон Санчез Писхуан“.

-Ќе го прегрнам, ќе разговараме. Имаме комуникација. Не треба ова да го кажам, но колку лошо Барселона се однесува кон своите легенди. Каква лоша серија. Веројатно е лоша серија, но каква лоша серија. Каква лоша серија. Со Куман, Меси, сега со Чави, колку лошо. Посакувам клубовите да се однесуваат со своите легенди добро, фантастично добро. Тоа би било фантастично. Тоа е наследство на поврзаноста од менаџерите со навивачите. Ова поврзува многу. Добро третирајте ги легендите, -порача Флорес.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни