Поврзете се со нас

Европски првенства

Сабицер ја однесе Австрија на ново Европско првенство (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/oefb1904

Австриската фудбалска репрезентација оваа вечер обезбеди директен пласман на Европското првенство во Германија, откако отиде на плус десет бода од третопласираната Шведска во својата група.

Тимот на Ралф Рангник славеше на гостувањето во Азербејџан и Австрија стана осмата репрезентација која обезбеди виза за континенталниот собир по Германија, Белгија, Шкотска, Шпанија, Франција, Португалија и Турција.

Австријците ја отворија понеделничката програма со меч кој се одигра во 18:00 часот, а момент на одлука беа два прекини во период од една минута.

Сабицер најпрво изведе слободен удар, но топката заврши во рака на еден од играчите од живиот-ѕид, па гостите добија најстрога казна.

Фудбалерот на Борусија ја презема одговорноста и при пеналот и прецизно реализираше за 0:1 на стартот на вториот дел, што беше доволно за победа и пласман на турнирот во Германија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни