Поврзете се со нас

Франција

Ротен избра идеален напаѓач за ПСЖ: Клубот треба да инсистира на него!

Објавено

на

Foto: instagram.com/jrothenofficiel

ПСЖ има потреба од класичен напаѓач и сигурно ќе инвестира во овој сегмент во летниот преоден рок, а Жером Ротен смета дека треба да тргне по еден фудбалер кој во моментов можеби е и во сенка на другите имиња кои се споменуваат.

Поранешниот фудбалер на парискиот клуб не е убеден дека ПСЖ треба да плати големи суми за Виктор Осимен или Хари Кејн и смета дека треба да се обиде да го реализира трансферот на Коло Муани.

Францускиот репрезентативец настапува за Ајнтрахт, а Ротен образложил зошто го гледа како идеална солуција.

– Зборуваме за класична „деветка“ и мислам дека Екитике е разочарување. Без разлика што е млад, не сум сигурен дека ќе добие уште една сезона како шанса во ПСЖ.

– Според мене треба да се доведе фудбалер кој е млад, но веќе има одредено искуство, а тоа е 24-годишниот Коло Муани.

– Тој е репрезентативец и е роден во околината на Париз, таа конекција со клубот е многу важна и мислам дека тој би му одговарал најмногу како партнер на Килијан Мбапе.

– Јасно е дека овој трансфер ќе биде скап, но ако ПСЖ може да си го дозволи, тогаш без размислување треба да тргне по Муани, – вели Ротен.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни