Поврзете се со нас

Италија

Роналдо погоди против Сасуоло и постави неколку важни рекорди (Видео)

Објавено

на

Кристијано Роналдо ја претвори во гол контрата на Јувентус на дуелот со Сасуоло, а со тој погодок гостите стигнаа до предност 0:2 по првото полувреме.

За Португалецот тоа беше голот број 100 во дресот на Јувентус во сите натпреварувања, исто колку што има и неговиот соиграч Пауло Дибала, кој реализираше подоцна во второто полувреме.

Со 28. гол сезонава во Серија А, Роналдо влезе и во историјата на Јувентус, бидејќи досега ниту еден фудбалер не успеал да постигне 100 погодоци за само три сезони, а Португалецот има уште неколку настапи до крајот на третата.

Вечерашниот погодок му донесе уште еден важен рекорд на Роналдо, бидејќи тој стана првиот фудбалер кој постигнал по барем 100 голови во клуб од три различни европски земји од големата петорка.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни