Поврзете се со нас

АТП

Ролан Гарос на интересен начин ја одбележи титулата на Алкарас во Мадрид

Објавено

на

Шпанскиот тинејџер Карлос Алкарас триумфираше на Мастерсот во Мадрид, остварувајќи го најголемиот успех во својата кариера.

Триумфот на идната голема тениска ѕвезда има посебно значење бидејќи на патот кон титулата тој ги победи Надал, Ѓоковиќ и Зверев, при што загуби само четири гејма во финалето со германскиот ривал.

Јасно е дека Шпанецот традиционално ќе биде доминантен на турнирите кои се играат на земја, па затоа со посебно внимание ќе се очекува неговиот настап на Ролан Гарос.

А, одговорните за францускиот грен-слем на интересен начин го проследија успехот на Алкарас во шпанската престолнина, не криејќи дека очекуваат негов блесок и во Париз.

– Карлос Алкарас ја освои најголемата титула на земја во својата кариера, – гласеше твитот на официјалниот Твитер профил на Ролан Гарос, за подоцна да стигне една корекција, односно додадено и „засега“.

Ролан Гарос ќе се одржи меѓу 22. мај и 5. јуни.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни