Поврзете се со нас

Франција

ПСЖ не шутна во гол 93. минути, но тогаш на сцена стапија Меси и Мбапе (Видео)

Објавено

на

Лионел Меси и Килијан Мбапе се творци на тешката и незаслужена победа која ја оствари ПСЖ оваа вечер на „Паркот на принцовите“, бидејќи Рен извонредно одолеваше на сите налети на домашниот тим и ги лимитираше на само еден директен шут кон голот.

„Светците“ не испратија шут во рамките од голот кој го бранеше Алемдар до 93-та минута, но тогаш на сцена стапи двоецот на ПСЖ кој претходно беше фрустриран од судиите и луѓето во ВАР собата.

Лионел Меси најпрво извонредно го проигра Килијан Мбапе во 64-та минута и овој вториот погоди за водство од 1:0, но погодокот беше поништен поради минимален офсајд.

Почетниот резутлат 0:0 беше активен до судиското надополнување и се чинеше дека ПСЖ со разочарувачко реми ќе оди на мегдан со Реал Мадрид во Лигата на шампионите, но наместо тоа пристигна гол.

Меси уште еднаш го предвиде движењето на Мбапе и го проигра во шеснаесетникот, а овојпат се беше чисто и Французинот погоди за 1:0 и победа на фаворитот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни