Поврзете се со нас

Италија

Познати се паровите и термините за четвртфиналната рунда во Купот на Италија

Објавено

на

Со мечот меѓу Јувентус и Монца кој заврши со победа на домаќините од 2-1 беше комплетирана осминафиналната рунда во Копа Италија, односно познати се сите парови за четвртфиналната рунда.

И во четвртфиналето ќе се игра по еден натпревар, поточно победникот ќе се бара по 90, 120 минути или пенали, а двојките се следни:

Интер-Аталанта

Рома-Кремонезе

Фиорентина-Торино и

Јувентус-Лацио

Оваа рунда ќе биде отворена меѓу Интер и Фиорентина на 31 јануари, ден подоцна играат Фиорентина-Торино и Рома-Кремонезе, додека Јувентус-Лацио ќе играат на 2 февруари.

Во полуфиналето пак имаме по два меча, а таму победникот од Интер-Аталанта ќе игра со подобриот од Јувентус-Лацио, односно оној што ќе триумфира од Рома-Кремонезе со оној од Фиорентина-Торино.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни