Поврзете се со нас

Светски првенства

Поранешен соиграч на Димитријевиќ испиша историја на СП, Летонија ја разби Литванија во битката за 5.место (ВИДЕО)

Објавено

на

Репрезентацијата на Летонија е освојувач на петтото место на Светското првенство и тоа откако во битката за оваа позиција ја разби Литванија со 98-63.

Литваниците беа фаворити на хартија, но Летонците уште еднаш покажаа колку се незгодни, непредвидливи, опасни кога ќе ги послужи шутот. Избраниците на Бјанки го најавија триумфот уште во првата четвртина која ја реализираа со 28-20, предност која потоа растеше од период во период за конечни на крајот плус 35.

Ова беше средба во која беше испиша историја на Мундијалите затоа што Артурс Жагарс постави нов рекорд кога се во прашање асистенциите.

Тој беше автор на 17 асистенции со што ги надмина Тони Кукоч (1994 година) и Карлик Џонс (2023) кои досега беа на делба на врвот со 15 додавања.

Инаку некогашниот соиграч на Ненад Димитријевиќ од Хувентуд немаше свој ден кога се е прашање поентерскиот учинок, уфрли само 4 поени, сите од пенал линијата.

Курукс и Шмитс искомбинираа 37 кошеви за победникот, Јокубаитис и Валанчиунас дадоа по 16 и 15 кошеви за поразените.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни