Поврзете се со нас

АБА лига

Планиниќ по третпат оваа сезона избран за најдобар во АБА2 лигата (Фото)

Објавено

на

Фото: www.facebook.com/КК Пелистер Битола

Пелистер оставри драматична победа над Борац од Бања Лука со клучна тројка на Костоски во самата завршница, но реално гледано, играч на натпреварот беше Јуре Планиниќ.

Босанскиот кошаркар е убедливо најдобар поединец на „зелено-белите“ оваа сезона и тоа го демонстрира и во регионалното натпреварување, а одговорните статистичари на АБА лигата навистина знаат како да го наградат тоа.

По третпат оваа сезона, Планиниќ беше избран за МВП на колото во АБА2 лигата, бидејќи ниту еден кошаркар во 11-та рунда немаше ниту приближно добро издание како неговото.

Планиниќ уфрли 21 поени и имаше 15 скокови, а со петте асистенции и една украдена топка стигна до 36 индекси поени, убедливо најмногу во АБА2 лигата.

Изданието на Јуре имаше уште поголемо значење поради тесната победа која ја оствари неговиот Пелистер, па токму тоа се потенцира и во веста која ја објавија од регионалното натпреварување.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни