Поврзете се со нас

Евролига

Пипен за Ф4 во Берлин: Не ги знам ниту екипите, ниту играчите…

Објавено

на

Во Берлин се игра завршниот турнир во Евролигата, а еден од гостите е легендарниот Скоти Пипен.

Пипен одбележа една ера во НБА лигата кога го носеше дресот на Чикаго Булс каде заедно со Мајкл Џордан и компанија освои шест титули. Меѓутоа тој слабо ја прати европската кошарка и призна дека не познава ниту една од екипите кои ќе настапат на фајналфорот, а не ги знае ниту играчите.

-Имав одредена слобода да дојдам овде, но тука сум со некои пријатели од Австралиската национална кошаркарска лига (НБЛ). Тука сме да провериме дел од талентите. Ми кажаа колку е одлична европската кошарка, па јас сум тука да ја проверам на фајналфорот. Му верувам на мојот тим дека ме донесоа во одлично место. Со нетрпение го чекам натпреварот, -рече Пипен кој запрашан за предвидување искрено порача:

-Не знам. Навистина не ги ни знам четирите екипи кои се во финалето. Не знам многу за играчите што ќе ги гледам, но со нетрпение чекам да отидам на теренот и да проверам, -порача Скоти кој своевремено беше еден од најдобрите играчи на светот на неговата позиција.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни