Поврзете се со нас

Македонија

Пелистер се прошета низ Струга, титулата е на дофат

Објавено

на

foto:www.facebook.com/hceurofarmpelister

Тимот на Еурофарм Пелистер без никакави проблеми славеше над Струга со 35-24 во претпоследното 13. коло во суперлигашкиот плеј-оф.

Струга е најслабата екипата во ова разигрување за титулата, па пред и за време на мечот имаше само една непозната-тоа е со колкава разлика „зелено-белите“ ќе го добијат ова соочување. Избраниците на Ангеловски во двете полувремиња примија по 12 гола, но двете ги добија со резултат 16-12 и 19-12.

Цветан Кузманоски со осум гола беше прв стрелец кај победникот, Бошњак со седум беше лидер кај домаќините.

Со денешниот резултат Пелистер е на чекор од одбрана на титулата, титула која може да биде потврдена во завршната рунда со Алкалоид, но и во оваа ако Вардар не го добие Охрид.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни