Поврзете се со нас

Балкан

Партизан загуби од Звезда на контроверзен начин и најави дека нема да игра во полуфиналето (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/crvenazvezdafk

Денеска се играше 173-то вечно дерби во Србија и силите ги одмерија Црвена Звезда и Партизан, а по остварената победа, „црвено-белите“ се на чекор од освојување на нова титула.

Големата пресметка како и обично донесе многу нервоза и тензија на теренот, но и контроверзни моменти по кој гостите од Хумска најавија дека нема да играат на Куп полуфиналето кое е закажано за четири дена.

Партизан е огорчен од двата досудени пенали за Звезда и недосудениот фаул во напад при голот за 2:2 на домашниот тим, па оттаму и бесот и соопштението кое беше објвено брзо по спорните моменти во Белград.

Гостите денеска двапати водеа и жестоко се бранеа до самата завршница, но потоа примија контроверзен гол во 90-та минута за 2:2, а потоа уште еден од пенал во 99-та минута.

– Партизан нема да го игра куп полуфиналето со Звезда! Срамниот судија Павле Илиќ вторпат во низа на свој нчин го украде Партизан и го уништи 173-то вечно дерби. Човекот кој нема ронка срам, ниту елементарно судиско познавње, реши да не измасакрира сите во клубот. Игравме против голем ривал, но и против судијата.

– После уште еден меч во кој истиот судија тешко не оштети и не оневозможи да победиме, фудбалскиот клуб Партизан во наредните денови ќе донесе конечна одлука дали воопшто да се појави на Куп натпреварот со Звезда, – најавија од Партизан.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни