Поврзете се со нас

Свет

Пандев повторно ќе соработува со Мурињо, противник ќе им биде „златната генерација“ на Романија

Објавено

на

Фото: www.inter.it

Жозе Мурињо и Горан Пандев имаа фантастична соработка во Интер, клуб со кој своевремено испишаа историја со освојување на тројната круна.

Сега според најавите Гоче и Жозе повторно ќе бидат во ист тим и тоа во составот на светот кој ќе и се спротистави на „златната“ генерација на Романија.

Тоа е средба која утре треба да се одигра на Националната арена во Букурешт, меч во кој во тимот на светот треба да ги видиме уште Панучи, Дида, Стоичков, Ривалдо, Литманен, Карембе, Едмилсон, Фреј…

Кај домаќините кои сакаат да ја испочитуваат генерацијата од 1994 година која и го донесе најголемиот успех на Романија на СП (четвро место) би требало да играат Попеску, Димитреску, Хаџи, Мунтеану…

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни