Поврзете се со нас

Свет

Ново признание за Македонецот: Димитријевиќ во најдобрите пет во ВТБ лигата (ФОТО)

Објавено

на

foto: www.unics.ru

Македонскиот плејмејкер, Ненад Димитријевиќ имаше квалитетна серија против Локомотив Кубањ во ВТБ лигата, серија во која беше лидер за Уникс Казањ кого го одведе во финалето каде за ривал за титулата ќе ја имаат ЦСКА Москва.

Тие изданија на Нено му донесоа ново признание, тој се најде во идеалната, најдобрата петорка во полуфиналето заедно со соиграчот Џејлен Рејнолдс.

Македонецот имаше просек од 18,9 поени, 4,1 скок и 7,4 асистенции по натпревар со што ја предводи оваа „петка“ во која освен споменатио Рејнолдс се Винс Хантер, Патрик Милер и Мело Тримбл.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни