Поврзете се со нас

Формула 1

Норис ја прокоцка победата со погрешна одлука, Хамилтон триумфираше во Русија

Објавено

на

Ландо Норис беше блиску до победа на Формула 1 трката во Русија, но откако дождот ги расипа сметките на Мекларен, британскиот тим ја прифати сугестијата на возачот да не влезе во бокс и тоа го плати со својата позиција.

За разлика од Норис, неговиот сонародник Луис Хамилтон влезе во боксот на четири круга до крајот и потоа лесно го презема водството, додека Макс Ферстапен може да биде презадоволен со второто место бидејќи стартуваше од последниот ред.

За Хамилтон ова е јубилејна стота победа во Формула 1 кариерата, додека победничкиот подиум го комплетираше Карлос Саинц од Ферари.

До десеттата позиција се пласираа Рикиардо, Ботас, Алонсо, Раиконен, Норис, Перез и Расел.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни