Поврзете се со нас

Формула 1

Норис ја префрли вината на Мекларен: Не ја добив најважната информација

Објавено

на

Ландо Норис испушти сериозна шанса да победи на Формула 1 трката во Русија и од победничка позиција, на крајот мораше да се задоволи само со осмото место во Сочи.

Клучен момент беше дождот и одлуката на возачот да остане на патеката, за разлика од другите возачи кои ги заменија пневматиците и на тој начин се стекнаа со голема предност.

Одговорните во Мекларен го повикаа Норис во боксот, но тој реши да остане, за на крајот сепак да префрли дел од вината на тимот.

– Мојата одлука се покажа како погрешна, но во тие моменти чувствував дека можам да ја остварам целта.

– Не знаев дека ќе има многу, многу повеќе дожд. Не постои начин да го предвидам тоа, освен ако не добијам таква информација од тимот, – изјавил Норис.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни