Поврзете се со нас

НБА

Но Јанис, но проблем: Лопез со личен плејоф рекорд го приближи Милвоки до финале (Видео)

Објавено

на

Милвоки Бакс е на победа до финалето на НБА плејофот, откако утринава славеше над Атланта со 123:112 и поведе со 3:2 во завршната пресметка во Источната конференција.

Хендикепот наречен повреден Јанис Адетокумбо не влијаеше на амбициите на домаќините, кои речиси цел натпревар имаа двоцифрена предност и на тој начин сигурно стигнаа до триумфот кој ќе го намали притисокот пред гостувањето во Атланта.

Блескаше Брук Лопез кој постигна дури 33 поени за личен плејоф рекорд, а отсуството на Адетокумбо беше неутрализирано и со солидниот настап на триото Мидлтон-Холидеј-Портис, кое заедно уфрли 73 поени.

Во редовите на Атланта се истакна Богдановиќ со 28 поени, 5 скокови и 4 асистенции, додека Колинс и Галинари реализираа по 19 поени.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни